5.12.2013

Предавање на готови семинарски задачи и потсетување за 2 колоквиум по ВоП2

Заради големиот број прашања, кратко време известувањево ќе стои како пост, иако го има и во делот Известувања.

Семестарот и сите работни обврски завршија во Битола, додека во Велес и Прилеп, согласно интерниот договор, завршуваме во оваа тековна седмица.

Тоа значи дека, утре, понеделник, 13.05.13, нема да има никакви часови по ВоП2, додека според договореното, предавање на семинарските ќе биде организирано во 2 термини, кај мене во кабинет бр.:

13.05., понеделник, 10,оо - 11,3о часот, 
15.03., среда, 10,оо - 12,оо часот.

Согласно претходните договори, и најавата уште при доделувањето на семинарските, како и нивниот доброволен и необврзувачки карактер, корекција на роковите нема да има. Предавањето на семинарските е лично. После предавањето следи праќање на семинарската во word  фајл на маил, исто како и првиот семестар. Колегите кои  од било кои причини  зеле семнарска а не ја сработиле, имаат право да не ја достават- семинарската не е задолжителна.

Во случај на некомплетна процедура, поените за семинарска нема да бидат доделени.
Пред почетокот на втор колоквум,

На 20.05.13., понеделник,  10,оо ќе се одржи втор колоквиум по ВоП2 во Битола.Вториот колоквиум по ВоП2, имаат право да го полагаат само студентите кои го положиле првиот.

За колегите од Велес и Прилеп, следи дополнително соопштение во соработка со референттите, меѓутоа, последните часови за овој семестар ќе бидат на:

14.05,13, вторник, во Прилеп и,
16.05.14, четврток во Велес.

Предавањето на семинарските ќе биде во Прилеп и Велес организирано на денот на одржување на вториот колоквкиум, кој ќе биде дополнително закажан, во договор со Вас.

Ви посакувам успешна јунска сесија, и пријатен заслужен одмор после тоа ! 

4.21.2013

Потсетување !! -Семинарски задачи за ВоП2.

 Пријавувањето на семинарски трае исклучво до 23.04.13, вторник.
Пријавувате преку маил, во кој во субјект на пораката пишувате Име и Презиме - број на индекс а повратно добивате во продолжение- и реден број на задача.
Предавањето на семинарските е на 13.05.13,  во посетните саати.
Со оглед на необврзувачкиот карактер на семинарските, студнетите кои поради било кои причини зеле, а не сработиле семинарска, нема потреба да се оправдуваат- единствено нема да ги добијат потребните поени.
Семинарските се доделуваат и предаваат исклучиво во овој период.

3.31.2013

6. Работа со Датотеки

Template Design | Elque 2007